| четврток, 6 декември 2018 |

Крадците сигурно ќе ги најдат – Ова се најлошите места за да ги скриете парите дома

hiding-cash-in-sock-drawer-jpg-870x0_q85

Доколку не им верувате на банките или едноставно не сакате да се одвоите од своите пари, тогаш секако сте изложени на ризик. Порталот „Брајт Сајд“ пишува за најлошите места каде може да ги скриете парите дома, а ова се нивните препораки.

1.Избегнувајте го дворот затоа што некој може да ве види, а може и да се намократ

2.Едно од класичните места за криење на парите е душекот, што не е добра идеја бидејќи тоа е едно од првите места кое крадците го проверуваат

3.Во кеса парите не се безбедни

4.Не ги кријте во стара ташна или стар новчаник

5.Ниту корпата за валкани алишта не е место за вашиот кеш затоа што крадците често користат такви предмети за да ги изнесат украдените работи

6.Во рамката на сликата – И ова е едно од класичните места за криење пари кое крадците најчесто ги проверуваат

7.Сеф кој не е обезбеден – Не е битно дали е мал или голем, ако крадците можат да го однесат ќе го земат бидејќи знаат дека крие сигурна добивка

8.Во заклучена фиока или шкавче – Ова не е место за вашите пари бидејќи крадците се спремни да ги обијат овие мали брави

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top