| четврток, 6 декември 2018 |

Влезниците за првиот „Аква парк фест“ речиси распродадени

Подготовките за фестивалот, кој се најавува како прво издание на петнасетгодишниот „Таксират“ кој ќе се одржува на отворено и со кој ќе биде одбележано и отворањето на новата сезона на првиот аквапарк во Македонија, веќе се при крај. Од „Пасворд продукција“ ветуваат дека „Аква парк фест“,  кој на 24 и 25 мај се одржува во Пробиштип, ќе биде незаборавен дводневен провод, но и предупредуваат дека останати се  уште мал број од „earlybird“ влезниците кои се продаваат по специјалната промотивна цена. Во оваа понуда достапни се:

• фестивалска влезница од 700 денари (во која е вклучен бесплатен камп-простор и бесплатно користење на аквапаркот и водените атракции за двата дена од одржување на фестивалот)

и

•  еднодневна влезница од 400 денари (во која е вклучено бесплатно користење на аквапаркот и водени атракции за денот за кој ја купувате влезницата).

Веќе од понеделник (20 мај 2013) се менува цената на влезниците, кои ќе чинат 500 (за еднодневни влезници) и 700 денари (за фестивалските влезници). Билетите што ќе се продаваат за време на одржувањето на фестивалот, 24 и 25 мај, на влезот на „Аква парк фест“ ќе бидат достапни со полна цена од 600 и од 900 денари.

Билетите во претпродажба може да се купат во продажните салони на „Оне“ низ Македонија, продажните салони на „Офис плус“ и продажната мрежа на МКтикетс.

На АКВА ПАРК ФЕСТ обезбедено е и бесплатно престојување во фестивалскиот камп, а од музичката програма веќе се потврдени настапите на Пол Ван Дајк, Кирил Џајковски, Марк Најт, Суперхикс, Фолтин, Бернајс Пропаганда и многу други.

Во рамките на активностите за општествена ангажираност и одговорност, АКВА ПАРК ФЕСТ вклучува и работа на проекти како од еколошка така и од областа на музиката и уметноста, што ќе придонесе за будење на чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и природата и за спроведување на здрав начин на живот во хармонија со природното опкружување. Фестивалот ги обединува силите на еко-активистите, музиката и уметноста, студентските организации, владините и невладините организации, во заедничка акција за сочувување и решавање на проблемите со животната средина. Во тек е и конкурсот на кој сите еко активисти, граѓани и организации ангажирани во полето на екологијата, како и младите талентирани уметници кои сакаат да учествуваат во уметничкото уредување и декорирање на фестивалскиот простор, со своите проекти , дела и предлози можат да се пријават на info@aquaparkfest.com и да земат активно учество во оваа заедничка акција.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top