| четврток, 6 декември 2018 |

Путин за затегнатите односи со Америка: Ако мислите дека е заради Сирија се лажете, се почна со Југославија

 

putin

Рускиот претседател, Владимир Путин во моментов учествува на самитот на земјите членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија и Кина) во индиската сојузна држава Гоа. Тој на прашањата на новинарите одговори дека Москва нема да влијае на претседателската избори во САД и додаде дека не е сигурен што ќе се случува со одностие по изборите помеѓу најголемите светски сили. Додека Хилари Клинтон зазема агресивен став спрема Русија, Трамп во својата претседателската кампања, повика на соработка со Москва, нешто за што Путин истакна дека тие се спремни.

– Се надевам дека ќе имаме шанса да ги опоравиме односите со САД. Русија не сака конфликт со Америка, но тоа е избор кој треба да го доенесе и другата страна, изјави тој.

Рускиот претседател потсетил дека неговата земја се подготвува за зимските олимписки игри во Сочи, за што им изрази благодарност на американците кои им помогнаа за да бидат домаќини, но имаше и свој коментар за ЦИА и хакерските напади против Русија.

– Америка замешува прсти често каде што не им е место и тоа не е тајна. На ЦИА и НСА се трошат милиони, а за тоа има и докази. Ги шпионираат не само непријателите, туку и нивните најблиски соработници, истакнал тој.

Во своите одговори тој дополнил дека според него, односите помеѓу САД и Русија не се влошиле поради состојбата и случувањата во Сирија.

– Тие кои мислат дека тоа е така, не се во право, рекол Путин и додал дека влошувањето на односите започнало многу порано, уште во време на поранешна Југославија.

– Јас тогаш не бев претседател. Дали јас го свртев авионот над Атлантикот? Тоа беше Евгениј Примаков. Потоа беше и Борис Јелцин кој беше посебен. Кога зазема прилично цврст став за Југославија, веднаш сите сите почнаа да се присетуваат дека сакаше да се напие. Ете, тука некаде почна сето тоа, навел Путин.

За ситуацијата во Украина, тој одговорил дека постојано се во контакт со Обама и дека состанокот кој е закажан за во Берлин на оваа тема ќе биде клучен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top