Интимно, романтичните и страсно напишаните писма на поранешниот француски претседател Франосоа Митеран, објавени се минатата недела под името „Писмата на Ана, 1962-1995“.
Љубовницата на Митеран и мајка на нивната ќерка која ја криел 20 години, во интревју за радио рекла дека за таа врска молчела со децении и го прифатила неприфатливото, бидејќи е одгледана во католичко семејство, како девојка на која и е всадено потчинето однесување.
Полни 33 години францускиот државник Франсоа Митеран и праќал страсни писма на својата љубовница, скриена од јавноста.„Ќе те сакам до сопствениот крај“, пишува Митеран во едно од 1200-те објавени писма. „Чувството за кое никогаш не знаев, се појави со тебе“ стои во друго писмо.
Аферата беше јавна тајна за новинарите кои го покриваа претседателскиот мандат на Митеран од 1981 до 1995 година. Но, бидејќи се држеа до непишаното правило во Франција за почитување на приватниот живот на избраните политичари, јавноста не беше свесна дека социјалистичкиот лидер води двоен живот и дека е лудо вљубен во жена 30 години помлада од него.
„Писмата до Ани 1962-1995“, се објавени по повеќе од 20 години по смртта на Митеран и пет години по смртта на неговата сопруга Даниел, мајка на неговите двајца синови, Жан- Кристоф и Жилберт. Пињо самата ги подготвувала писмата за објавување, а кореспонденцијата не изненадува само со еротскиот набој, туку и со литерарниот квалитет.Писмата се хроника за страсниот однос кој започнал со срамежливи формалности, каде што двојцата идни љубовници еден кон друг се обраќаат во второ лице множина. Првото писмо е напишано на 19 октомври 1962 година, кога Ани имала 19 години и формало, се уште била малолетна. Двојката се запознала една година претходно во Хосегор, летовалиште во југозападна Франција, а тогаш Митеран веќе 20 години бил во брак со Даниел и зад себе има 4 министерски мандати. По заедничкото патување во Амстердам во 1964 годиа, во писмата преминуваат на „ти“ и тие стануваат потинтимни.
-Ги сакам моите раце, бидејќи го милуваа твоето тело, своите усни, кои те пиеја, напишал Митеран а подоцна продолжува „Го сакам твоето тело, радоста што во мене струи кога ти ги држам устите, кога горат сите огнови на светот, го сакам вриењето на мојата крв во твоите длабочини, твоето сладострастие кое излегува од вулканот на нашите тела“, пишувал Митеран во 1970 година.
Бројот на писмата се намалил кога тој станал претседател во 1981 година, но затоа како шеф на држава можел да поминува повеќе време со Данииел и со нивната ќерка Мазарин. Мајката и ќерката живееле под 24 – часовна заштита во стан во близина на АЈфеловата кула, а од другата страна на Сена била службената резиденција на Митеран.
Даниел Митеран долго време морала молчешкум да следи како љубовната афера добива на замав. За Митеран, разводот не доаѓал во предвид, бидејќи ќе му наштетел на кариерата. Францизте целата приказна ја дознаа во 1994 гоина, неколку месеци пред истекот на вториот мандат на Митеран, кога списанието „Пари Мач“ открил дека претседателот има вонбрачна ќерка. Последните писма се од 1995 година,напишани откако Митеран ја напуштил Елисејската палата„ Среќен сум што можам да мислам на тебе и да те сакам. Беше среќата на мојот живот“, се зборовите со кои го завршил последното псимо. Почина на 79 годишна возраст, после ттешка болест. Мазарин и нејзината мајка биле на погребот на Митеран. То било нивно прво појавување во јавноста.Мазарин денеска има 41 година и е професор по филозофија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст