Пред неколку дена како бомба одекна веста дека Анастасија Ражнатовиќ и кошаркарот Милош Теодосиќ се во врска. Додека тие двајца се прилично таинствени во однос на нивната романса, се чини дека на семејствата тоа им оди малку потешко, посебно на бабата на Милош.
Божидарка Трифуновиќ, бабата на капитенот на српската кошаркарска репрезентација, е многу среќна поради врската на внукот. Таа долго време сакала да се пофали со снаа, но Милош ѝ рекол да не раскажува многу за врската.
– Од весниците ја дознав целата приказна. Милош е многу среќен, а снаата е многу убава. Не можам ништо повеќе да ви кажам бидејќи Милош ми забрани да зборувам за неговиот љубовен живот – изјавила за српските медиуми Божидарка, а потоа продолжила да раскажува.
– Знаете, Милош секогаш ме посетува кога има време за тоа. Секогаш кога е во Ваљево престојува во мојата куќа. Сепак, не ми зборува многу за девојки, па така и овој пат не навлегуваше во детали – раскажала бабата на кошаркарот кој во моментов настапува за ЦСКА Москва.
– Ретко ме посетува поради професионалните обврски. Можеби еднаш или двапати годишно доаѓа кај мене кога ќе му се укаже можност. Јас сум горда на него и ги собирам сите статии што за него ќе се појават во весниците – изјавила Божидарка за Ало.рс.
Да потсетиме, ќерката на Цеца и спортскиот заводник наводно се во врска два месеца, а последна посета на Анастасија на Русија била со цел да се види со Милош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Нашата мајка имаше дилема дали да го роди: Братот на познатиот актер е игумен, а неговите зборови ќе ве расплачат!
-
Откриена причината зошто сакаме да им се вратиме на бившите…
-
Анастасија проговори за љубовта: Моите песни се ќе ви откријат!