| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена вистинската причина за отказот на Вујовиќ од Загреб

Контроверзниот ракометен стручњак Веселин Вујовиќ, повеќе не е тренер на Загреб, а вистинската причина за неговото заминување ја откри претседателот на тимот Анто Анчиќ

Колку пари, толку музика. Ние, за жал, не сме тим кој има буџет каков што заслужува тренер како што е Вујовиќ. Поради тоа, дозволивме тој во исто време да биде и селектор на Словенија. Во почетокот тоа функционираше, но сега се виде колку лошо влијаеше неговото отсуство од тимот поради Олимписките игри во Рио, изјави Анчиќ.

Тој потенцира дека новиот тренер ќе мора да биде 24 часа посветен на хрватскиот шампион.

  • Потребен ни е тренер кој 24 часа ќе биде посветен на нашиот тим – заврши Анчиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top