Под изговор дека локалните жители мораат привремено да ги напуштаат своите домови, британската војска презела контрола над Тајнхем, а на жителите никогаш не им било дозволено да се вратат во своите домови.
Тајнхем е село на духови во јужен Дорсет во Велика Британија.
И додека обично градовите и селата кои се напуштени се претворени во морничави населби на духови, поради временски непогоди или војни, состојбата во Тајнхем е малку поинаква.
Жителите на ова село се надевале дека привремено ги напуштат своите домовите, но вистина е дека никогаш не им било дозволено да се вратат.
За што се работи?
Во ноември 1943 година жителите на Тајнхем добиле известување за итна евакуација од воениот кабинет на Винстон Черчил. Британските сили сметале дека Тајнхем е најповолна локација за подготовките за Втората светска војна и истоварувањето во Нормандија.
На жителите им било наредено да ги напуштат своите домови поради безбедносни причини. Исто така им било речено дека од 19 декември нивното село ќе биде под воена контрола и дека ќе мора да ги напуштат домовите на 28 дена.
Жителите на 17 декември почнале да се пакуваат верувајќи дека набрзо ќе се вратат во своите домови.
Меѓутоа, на жителите никогаш не им било дозволено да се вратат во Тајнхем и до денес селото останало под контрола на војската.
Куќите се во урнатини, но црквата и училиштето се добро зачувани и внатре во училиштето може да се видат имиња на учениците над закачалките, постери на ѕидовите и слики што ги боеле децата.
Денес селото е сместено во голема воена зона, која сè уште се користи за обука со боева муниција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дали сте имале чувство дека некој ве набљудува? Или забележувате сенки? Проверете дали вашиот дом е проколнат…
-
Селото кое живее од сушени пиперки (ФОТО)
-
Земјоделци го блокираа селото на Заев
-
Отпуштените просветни работници од Битола на протест – градоначалничката неосновано дели откази за да вработи партиски војници