Францускиот институт во Скопје и Музејот на град Скопје в среда, (19 октомври), во 20 часот, во Музејот на град Скопје организираат вечер на француска музика и поезија „Патување низ стихови и музика“ со поетесата Лор Камбо.
На програмата се дела од Ерик Сати, Франсис Пуленк, Бела Барток, Ејтор Вила-Лобос, Луј-Моро Готшалк, како и читање извадоци од поеми на авторката.
Лор Камбо e пијанистка и поетеса, која настапува со бројни лирски изведувачи, а нејзините стихови се присутни во голем број списанија и антологии.
По настапот во Скопје, таа ќе учествува на Фестивалот на поезија „Наим Фрашери“ во Тетово, од 20 до 24 октомври 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.