Во рамките на интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, кој се организира од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА – Скопје и Општина Ресен, традиционално се доделува наградата „Клучевите на Преспа“ за научни достигнувања и трудови, кои се референтни за преспанскиот регион. Минатата година добитници на оваа награда беа Гзавиер Боне од Франција и академик Вера Битракова од Македонија.
Овогодинешни добитници на наградата „Клучевите на Преспа“ се академик Владо Матевски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје и потпретседател на МАНУ, и д-р Андраж Чарни, предавач и стручен соработник на Словенечката академија на науки и уметности. Наградата им се доделува за нивниот особен придонес во проучувањето на флората во Македонија, и особено за уникатната флора на планината Галичица, кое што публикувано во бројни научни публикации. Со тоа не само што ја збогатија сферата на своето специфично научно делување, туку и посредно го афирмираа и преспанскиот регион во еден поширок контекст.
Наградата на Д-р Андраж Черни ќе му биде врачена на 18.10.2016 г. во 16:30 ч., во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА, Скопје, од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, во присусво на истакнати личности од академскиот и општествениот живот на Р. Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.