| четврток, 6 декември 2018 |

Која е најголемата опасност ако се омажиш со богат маж?

Во брачните односи, во кои само мажот е тој што работи и носи пари, а жената ги извршува сите домашни обврски околу куќата и децата, често се случува мажот како оправдување да го користи фактот дека ја издржува цела фамилија и постојано да е надвор од дома.

Некогаш истите тие жени се запрашуваат, дали тој е се уште на работа или само пронаоѓа причини да избега од домашните обврски.

– Не можеме така да ги генерализираме работите, бидејќи постојат две групи на богати и успешни мажи. Оние на кои жените им се само уште еден статусен симбол (покрај луксузниот стан, BMW-то, скапиот часовник и девојчиња од 20 години кои убаво се фотографираат во тоа). Тогаш тоа не се вистински бракови, туку заедници од интерес, каде што секој го добива она што го сака – мажот, забава, љубоморни погледи и слобода, а жената пари и моќ, смета психотерапевтот Владимир Ѓуриќ.

Сепак постојат и оние кои крај себе имаат подеднакво моќни жени.

– Целосно е поразлична ситуацијата со богати и успешни мажи, кои се ожениле со исто така моќни и самосвесни жени. Тие работат многу за да ги исполнат своите соништа, а потоа заедно да ги исполнат. Во секој случај, се што е поврзано со врските и сексот е прашање на договор на двете страни и во тоа заеднички уживаат, заклучува Ѓуриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top