| четврток, 6 декември 2018 |

Експолозија во Багдад: Десет лица загинаа, а над 20 се ранети

Десет лица загинаа, а 25 се ранети денеска откако бомбаш самоубиец активира автомобил-бомба на контролен пункт покрај Багдад, изјавија претставници на полицијата и болнички извори, БТА

Експлозијата се случила во момент, кога конвој со возила, кои превезувале борци од шиитска милиција го минувал контролниот пункт во населеното место Јусифија, на 15 километри јужно од Багдад.

Меѓу настраданите има полицајци и војници, како и цивили.

Бомбашкиот напад се случи за време на офанзивата на владините сили врз градот Мосул, која почна рано изутрината

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top