Деновиве во издание на Издавачката куќа „Нова поетика“ од Белград излезе од печат книгата „Шешири“ од Трајче Кацаров,во превод на српски јазик. Станува збор за два драмски текста објавени под заеднички наслов. Жанрот комедија ја определува нивнта стилска профилација. Во насловната пиеса „Шешири“ авторот преку едноставна урбана приказна се труди да одговори на прашањата: Што е чесност? Има ли чесни луѓе и кој се тие? Дејствието во пиесата покажува дека : насилството, измамата, кражбите, неверството, фарисејството се средста за остварување на животните цели и на луѓето од дното на општеството, но и на оние кои зборуваат во името на законите – власта.
Пораката која може да се понесе од пиесата е дека чесни се само оние кои нема да бидат фатени, ин флагранти, во нечесните дејанија.
Пиесата „Со вкус на овошен сладолед“ веќе е поставувана во два театри надвор од земјата: Во Драмскиот театар во Пазарџик, Република Бугарија и во театарот „Мист“ во Киев, Украина и веќе две години е на репертоарот. Фабулата на оваа пиеса, комедија, ја наоѓаме во вечниот антагонизам помеѓу мажот и жената, без разлика на нивната професионална профилација, и уделот негов, во градењето на животните моменти. Пиесата почнува со мотото: „Ако денот се познава по изгревот на сонцето, љубовта помеѓу мажот и жената по заодот.“
Избор од пиесите на авторот Трајче Кацаров наскоро треба да се објавата и на украински јазик, како и поемата АКО, за која Кацаров е доби престижната награда „Григор Прличев“, на српски јазик. Годинава во Списанието за книжевност и уметност и култура „Градина“ 66-67 број, што излегува во Ниш, Р. Србија на десетина страници е обкјавен превод од поемата АКО, на Кацаров. Во бројот 1249-50 на „Книжевне новине“ весникот за книжевност и општествени прашања на Сојузот на писателите на Србија, објавени се десетина песни од Кацаров под наслов „Патишта“. Песни од Кацаров годинава, во Септемврискиот број на ревијата на Сојузот на писателите на Словачка, во превод на словачки јазик објавени се песни од Кацаров…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст