Преодното време е многу тешко кога станува збор за облеката. Утрата се студени, преку ден е топло, а навечер температурата повторно паѓа.
Затоа миди-фустаните се најдобар избор за тие денови. Доволно се долги за да не смрзнете наутро кога одите на работа или, пак, навечер кога ќе останете на пијалак после работа. Од друга страна, совршено се лелеави и проѕирни да не ви биде топло преку ден.
Оваа есен цветните миди-фустани се застапени во сите колекции. Ги има во сите бои и облици. Од темни и црно-бели цветни дезени, до обоени во нежнорозова или жолта боја.
Овие фустани се идеални за комбинирање со есенски кратки чизми, но добро изгледаат и во комбинација со патики.
Навечер, кога температурата ќе се спушти, цветниот фустан ќе изгледа одлично во комбинација со кожена јакна или со наметка како кимоно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст