Бразилскиот интернационалец Тијаго Силва нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, а со тоа се засилија шпекулациите дека идното лето ќе се пресели во Англија. Тој пред четири години од Милан пристигна во Париз, а по долги преговори со раководството на „светците“ одлучи сепак да не ја прифати понудата за нов договор.
Медиумите на Островот веќе најавуваат дека Бразилецот ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“, сакајќи повторно да игра во тандем со својот одличен пријател Давид Луиз, кој се врати во Челси, а претходно беше дел од ПСЖ. Можната преселба ја потврди и агентот, Пауло Тонието.
– Челси е голем клуб, а Премиер – лигата е најдобрата во светот. Сите сакаат да бидат дел од неа – изјави Тонието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент