| четврток, 6 декември 2018 |

Не­над Ге­ор­ги­ев­ски: Нај­че­сто одам по по­те­шки­от пат до из­во­рот!

Ле­о­нард Ко­ен бе­ше полн по­го­док за ова из­да­ние, за в го­ди­на ќе под­го­тви­ме не­што дру­го. Ка­ко ор­га­ни­за­тор пр­венс­тве­но се тру­дам со­др­жи­ни­те и те­ми­те да би­дат ин­те­рес­ни, да би­дат бли­ски до гле­да­чи­те, ве­ли Ге­ор­ги­ев­ски

Во Ки­но­те­ка на Ма­ке­до­ни­ја се одр­жа вто­ро­то из­да­ние на филм­ски­от фе­сти­вал за му­зич­ки до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви „Скоп­је си­не­ма си­ти“, кој пре­зен­ти­ра раз­но­вид­на и бо­га­та му­зич­ка про­гра­ма на до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви. Фе­сти­ва­лот се отво­ри со фил­мот за Ле­о­нард Ко­ен „Јас сум тво­јот чо­век“, ка­ко по­све­та за не­го, со што про­дол­жи тра­ди­ци­ја­та поч­на­та со ми­на­то­го­диш­но­то отво­ра­ње со фил­мо­ви­те за Деј­вид Бо­у­ви. Раз­го­ва­рав­ме со ор­га­ни­за­то­рот на фе­сти­ва­лот, Не­над Ге­ор­ги­ев­ски.

За­вр­ши вто­ро­то из­да­ние на фе­сти­ва­лот на му­зич­ки до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви „Скоп­је си­не­ма си­ти“. Кол­ку фил­мо­ви беа при­ка­жа­ни за овие че­ти­ри де­на? За­до­вол­ни ли сте од по­се­те­но­ста? Има ли пуб­ли­ка за овие фил­мо­ви?

-Се раз­би­ра де­ка има ин­те­рес и пуб­ли­ка, но ка­ко за се­ко­ја ра­бо­та и за кој би­ло фе­сти­вал, ге­не­рал­но, лу­ѓе­то одат на тоа што им е по­поз­на­то, па по­тоа на тоа што им е по­мал­ку поз­на­то.  Та­ка што по­го­ле­ма бе­ше по­се­те­но­ста на фил­мо­ви­те што имаа нас­ло­ви што им беа бли­ски и им беа по­поз­на­ти, откол­ку на дру­ги­те. Спо­ред мо­е­то мис­ле­ње, тоа е нор­мал­но. Фе­сти­ва­лот си има та­ков кон­цепт да си но­си ими­ња, нас­ло­ви на му­зич­ки до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви по­све­те­ни на поз­на­ти му­зич­ки ѕвез­ди по­ме­ша­ни со тие по­мал­ку афир­ми­ра­ни­те за да се вне­сат но­ви со­др­жи­ни.

Ре­ко­вте пуб­ли­ка­та по­ве­ќе ре­а­ги­ра на по­поз­на­ти­те му­зич­ки ими­ња. Фе­сти­ва­лот бе­ше отво­рен со фил­мот по­све­тен на Ле­о­нард Ко­ен. Да­ли тие што ќе ви­дат филм за Деј­вид Бо­у­ви или за Ко­ен по­тоа до­а­ѓа­ат и на фил­мо­ви­те за по­мал­ку поз­на­ти му­зич­ки ѕвез­ди?

Ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка, де­фи­ни­тив­но, са­ка да ги по­се­ту­ва овие на­ста­ни. Ние ка­ко ор­га­ни­за­то­ри за­бе­ле­жав­ме де­ка одре­ден дел од пуб­ли­ка­та до­а­ѓа­ше на си­те про­ек­ции, до­де­ка не­кои по­вре­ме­но го по­се­ту­ваа фе­сти­ва­лот, по­точ­но го гле­даа тоа што ги пре­диз­ви­ку­ва ка­ко име, со­др­жи­на… Раз­лич­ни до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви при­па­ѓа­ат на раз­лич­ни жа­нро­ви, та­ка што не мо­же да се ба­ра од лу­ѓе­то ни­ка­ква ко­хе­зив­ност. Фе­сти­ва­лот е на­ме­нет за це­ла­та пуб­ли­ка, за си­те и се­кој мо­же да си се нај­де во ова. Ле­о­нард Ко­ен бе­ше полн по­го­док за ова из­да­ние, за в го­ди­на ќе под­го­тви­ме не­што дру­го.

Ка­ко дол­го­го­ди­шен му­зич­ки но­ви­нар и кри­ти­чар ка­же­те ни што, всуш­ност, прет­ста­ву­ва­ат му­зич­ки­те до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви? Сте има­ле ли, мо­же­би, мож­ност да при­сус­тву­ва­те на не­кое сни­ма­ње…?

-До­ку­мен­тар­ни­те фил­мо­ви ја има­ат уло­га­та на еден друг вид но­ви­нарс­тво, но не­ка­ко до­пи­ра­ат под­ла­бо­ко, на еден по­е­ви­ден­тен на­чин, чеп­ну­ва­ат и обра­бо­ту­ва­ат не­ка­кви те­ми, без раз­ли­ка да­ли се му­зич­ки или се со дру­га те­ма­ти­ка, ка­ко во­е­ни, ет­но­ло­шки, ед­наш при­сус­тву­вав на фе­сти­вал за до­ку­мен­тар­ни под­вод­ни фил­мо­ви… Има и пла­ни­нар­ски до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви. Си­те тие се обра­ќа­ат на одре­де­на пуб­ли­ка, со одре­ден ин­те­рес. Му­зич­ки­те фил­мо­ви, пред сѐ, има­ат про­мо­тив­на на­ме­на. Да­ли обра­бо­ту­ва­ат не­ка­ква те­ма или не­чи­ја би­о­гра­фи­ја, тие има­ат про­мо­тив­на, еду­ка­тив­на и, пред сѐ, за­бав­на функ­ци­ја.  Што се од­не­су­ва на вто­ри­от дел од пра­ша­ње­то, во пер­и­о­дот ко­га ра­бо­тев за „Те­ле­ви­зи­ја Вој­во­ди­на“, по­крај сни­ма­ње­то ку­си при­ло­зи и еми­сии, пра­вев и до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви од таа про­дук­ци­ја. Ра­бо­тев и на до­ку­мен­тар­ни­от филм за Ба­ја­га, кој бе­ше три­де­лен те­ле­ви­зи­ски до­ку­мен­та­рен филм, кој по­тоа оде­ше на фе­сти­ва­ли, се при­ка­жу­ва­ше во ки­на­та итн.

Од ова искус­тво што го има­те, по­крај за Ба­ја­га, сте ра­бо­те­ле и до­ку­мен­та­рен филм за Ки­рил Џај­ков­ски… са­ка­ат ли му­зич­ки­те ѕвез­ди да би­дат сни­ме­ни на ва­ков на­чин? Со­ра­бо­ту­ва­ат ли?

-За­ви­си, ако ве­ќе го сни­ма­ат, тоа зна­чи де­ка са­ка­ат да про­мо­ви­ра­ат не­што, да по­ка­жат, да до­об­јас­нат би­деј­ќи, без раз­ли­ка на нив­на­та по­пу­лар­ност, фил­мот слу­жи за нив­на­та по­пу­лар­ност та­ка што се­ка­ко де­ка со­ра­бо­ту­ва­ат, но за­ви­си и од тоа кој го пра­ви фил­мот. 

Во рам­ки­те на фе­сти­ва­лот бе­ше про­мо­ви­ра­на и кни­га­та „Му­зи­ка и му­а­бе­ти“. Што со­др­жи таа? Ка­де ќе мо­же да се на­ба­ви? Ја има ли во про­даж­ба?

-Тоа е ко­лек­ци­ја на мои му­зич­ки ин­терв­јуа, кои ги ра­бо­тев во из­ми­на­ти­ве го­ди­ни. Нас­ло­вот на кни­га­та го смис­ли мо­ја­та со­пру­га, мо­рам да ја по­фа­лам, би­деј­ќи јас имав ста­ве­но друг ра­бо­тен нас­лов, кој бе­ше на анг­ли­ски ја­зик, но таа су­ге­ри­ра­ше де­ка овој нас­лов е по­у­бав би­деј­ќи су­ге­ри­ра на су­шти­на­та. Кни­га­та со­др­жи раз­ни ин­терв­јуа, а тоа е, всуш­ност, и ср­це­ви­на­та на фе­сти­ва­лот, не­ли раз­го­во­ри со лу­ѓе, дру­же­ње со му­зи­ча­ри, со љу­би­те­ли на му­зи­ка­та, има про­мо­тив­на на­ме­на, со тоа што се­ко­гаш, ба­рем во мо­и­те мис­ли, се оста­на­ти ка­ко по­оп­фат­ни и кои би оп­сто­и­ле и над­вор од кон­тек­стот на ме­ди­у­ми­те за кои би­ле пра­ве­ни. На при­мер, да се на­до­вр­зам на прет­ход­но­то пра­ша­ње, ин­терв­ју­то со Ки­рил Џај­ков­ски е из­ва­де­но од до­ку­мен­тар­ни­от филм што го пра­вев за не­го во 2007 го­ди­на. Тоа се ин­терв­јуа што се рас­пр­ска­ни по кон­ти­нен­ти би­деј­ќи на­се­ка­де сум ги об­ја­ву­вал и ко­хе­зив­но­ста на се­то тоа по­сто­е­ше са­мо во мо­ја­та гла­ва. Ба­ди­ја­ла се си­ноп­си­си и се­то тоа ко­га до­де­ка не се ви­ди на ед­но ме­сто не мо­же да се раз­бе­ре це­ло­ви­то­ста, дла­бо­чи­на­та, со­др­жи­ни­те на се­то тоа што го за­мис­лив. И се­га, по дол­го вре­ме, стиг­нав­ме до кни­га.

Кол­ку вре­ме ја под­го­тву­ва­вте кни­га­та?

-Дол­го вре­ме ра­бо­тев на тоа. Ра­бо­тев­ме со Ми­шко Гр­бев­ски, ко­ле­га но­ви­нар, со кој бр­зав­ме, ре­чи­си тр­чав­ме, да за­вр­ши­ме на­вре­ме и из­бо­рот што го на­пра­вив­ме е ог­ле­да­ло на вре­ме­то ко­га го ра­бо­тев­ме про­е­ктот. Пред две-три го­ди­ни ра­бо­тев­ме ед­но, пред тоа дру­го и еве ова се­га пред про­мо­ци­ја­та. Не­кои ра­бо­ти се за­чу­ва­ни, а не­кои се по­ин­те­рес­ни и се за­др­жа­ни во це­ли­на.

По пр­ви­те две из­да­ни­ја… што да оче­ку­ва­ме за след­но­то из­да­ние на „Скоп­је си­не­ма си­ти“? Има­те ли не­кои идеи од се­га? 

-Зна­е­те ка­ко ве­лат „Ако де­ло­то не му е ин­те­рес­но на авто­рот, не­ма да му би­де ни­ту на чи­та­те­лот“….Но, од иде­ја до ре­а­ли­за­ци­ја па­тот е долг, но и не зна­чи де­ка ќе се ре­а­ли­зи­ра ток­му на тој на­чин. Ка­ко ор­га­ни­за­тор пр­венс­тве­но се тру­дам со­др­жи­ни­те да би­дат ин­те­рес­ни и те­ми­те да би­дат бли­ски до гле­да­чи­те. Си­гур­но, по­втор­но ќе има ком­би­на­ци­ја на поз­на­то и на не­поз­на­то, но, се­ка­ко, ќе би­де ин­те­рес­но, ду­ри и за тие што би за­тал­ка­ле на та­ква про­ек­ци­ја ка­ко гле­да­чи.

Те­шко ли е да се до­не­сат фил­мо­ви за ва­ков му­зич­ки фе­сти­вал? Ка­ко до­а­ѓа­те до нив?

-Ка­ко што спо­ме­нав, кни­га­та „Му­зи­ка и му­а­бе­ти“ е ср­це­ви­на­та на се­то ова. Во неа се си­те мои кон­та­кти што сум ги ос­тва­рил во из­ми­на­ти­ве пет­на­е­сет го­ди­ни, поч­ну­вај­ќи од из­да­вач­ки ку­ќи, ди­стри­бу­те­ри итн. и нај­че­сто одам по по­те­шки­от пат за да ги на­ба­вам и да стиг­нам до из­во­рот.

Ска­пи ли се?

-За­ви­си. Пр­венс­тве­но овие фил­мо­ви не се на­ме­не­ти за мал па­зар ка­ко што е Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но за­тоа што ние не мо­же­ме да од­го­во­ри­ме на нив­ни­те ба­ра­ња ка­ко што мо­же  да им од­го­во­рат, на при­мер, во Сан Ан­то­нио, во Њу­јорк или Лон­дон, во Па­риз…Но, тоа што мо­же­ме да го до­не­се­ме ќе го до­не­се­ме, тоа што не мо­же – ќе оста­не за друг пат.

Во оваа на­со­ка да про­го­во­ри­ме и во пог­лед на фи­нан­си­ска­та под­др­шка.  Има­те ли не­ка­ква фи­нан­си­ска под­др­шка за фе­сти­ва­лот, за откуп на фил­мо­ви­те, про­стор, ор­га­ни­за­ци­ја…

-Пос­лед­ни­ве две го­ди­ни не­ма­ме не­ка­ква со­ра­бо­тка со ин­сти­ту­ци­и­те, единс­тве­но ре­дов­но со­ра­бо­ту­ва­ме со Ки­но­те­ка на Ма­ке­до­ни­ја, што не зна­чи де­ка ќе оста­не та­ка. Мо­же­би ќе се отво­рат не­кои вра­ти, а, мо­же­би, и не, но тоа не е преч­ка да се ре­а­ли­зи­ра­ат овие ра­бо­ти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top