Паралелено со сите други инвестиции во земјава владејачката гарнитура за првпат сериозно пристапи и на осовременување на железницата.
На делот за обнова и осовременување на железницата се надоврза и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот народен собир.
-Набавивме 150 нови вагони од различни типови за товарен превоз вредни 15 милиони евра. Извршивме набавка на шест нови патнички возови за што се вложија нови 25 милиони евра. Во тек е и фазната изградба на пругата кон Бугарија. Тука е и проектот за реконструкција на 10 железнички станици – додаде Груевски.
Железницата е еден од важните сектори бидејќи низ земјава транзитира голем дел од сообраќајот кон Европа. Затоа е многу важно да имаме квалитетна железничка инфраструктура која ќе овоможи брз и квалитетен транспорт. Станува збор за моментални инвестиции преку 200 милиони евра. Со оглед дека низ нашата земја минува и Коридорот 8 а тој исто така е еден од важните ПАН Европски коридори, започнато е со најголемите инвестиции токму во изградба на пруга која ќе биде алтернатива на Коридор 10. Во тек е изградба на пругата од Куманово до Бељаковце во вреднот од 40 милиони евра, тече тендерска постапка за изградба на делот од Бељаковце до Крива Паланка со проценета врдност за изградба од 147 милиои евра а во исто време се врши проектирање и на делот од Крива Паланка до границата со Р.Бугарија. За да се комплетира цел Коридор 8, започнато е и проектирање на пруга кон Албанија. Во делот на сообраќајот, набавивени се 6 нови патнички возови, претходно се набавија 150 товарни возови а во тек е тендер и за набавка на 3 нови локомотиви. Со средства од ИПА компонентата, завршено е реконструкцијата на 7 железнички станици на Коридор 10, вклучувајќи ја и меѓународната железничка станица во Скопје. Овие се сериозни инвестиции во железницата со оглед дека децении наназад ништо не се инвестирало во овој дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.