| четврток, 6 декември 2018 |

За да бидете среќни, не правете ги овие три работи

Кој не сака да биде среќен? Сепак, знаеме да заглавиме со навики кои воопшто не ни помагаат во тоа. Престанете да ги правите овие три работи доколку сакате полесно да бидете среќни и успешни личности:

1. Одложување

Одложувањето да го искосите тревникот или да напишете писмо до некого можеби изгледа како ситница, но секој пат кога нема да извршите некоја задача што требало да ја извршите, во умот ја поттикнувате навиката на избегнување на обврските. Обврските обично ги избегнуваме кога сме под силен стрес како начин да го заштитиме и одмориме мозокот. Со секојдневното избегнување му сигнализираме на мозокот дека сме постојано под стрес, дури и кога не сме.

2. Негативно зборување за себе

Како зборуваме за себе е мерило за емоционалното здравје. Фокусирањето на негативностите само ја намалува самодовербата.

3. Недоволен одмор на мозокот

Мозокот содржи неверојатно многу информации и е помоќен од  кој било компјутер. Но доколку му дадете премногу задачи, ќе го изгубите мирот. Кога мислиме на премногу работи одеднаш генерираме чувство на анксиозност што може да предизвика тахикардија, аритмија или инсомнија, како и дигестивни проблеми или други симптоми на стрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top