| четврток, 6 декември 2018 |

Собраниска седница за буџетот и за распуштање на Парламентот

sobranie118_2016459051

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која треба да се расправа за донесување на Дополнетиот предлог Буџет на државата за 2017 година и за одлуката за негово распуштање за која предлози имаат доставено пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери и пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Пред одржувањето на седницата за 10 часот е закажана координација на пратеничките групи на која се знае текот на седницата.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ поддршката за одлуката за распуштање на Собранието ја услови со претходно усвојување на буџетот за 2017 година. Според партијата, со донесување на буџетот ќе се обезбеди гаранција за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.

На координацијата на пратеничките групи се очекува да стане збор и за Шестата изборна единица, која има повеќе гласачи од дозволеното.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top