| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во криза се изградија патишта и се модернизираше железницата

Во период на политичка криза се продолжи со изградба на патишта, потсети Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на големиот собир во Скопје.

-Се градат три нови автопати, Демир капија Смоквица кој треба да биде готов наредната година, автопатот Скопје Штип и автопатот Кичево Охрид. При крај е изградбата на експресниот пат Велес – Кадрифаково – Штип, а активно се гради и експресниот пат Градско – Прилеп. Во последните неколку години завршени се 404 локални патишта со должина од околу 750 км и инвестиција од околу 65 мил. евра.

Груевски се надоврза и со модернизацијата на железницата.

-Набавивме 150 нови вагони од различни типови за товарен превоз вредни 15 милиони евра. Извршивме набавка на 6 нови патнички возови за што се вложија нови 25 милиони евра. Во тек е и фазната изградба на пругата кон Бугарија. Тука е и проектот за реконструкција на 10 железнички станици- додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top