| четврток, 6 декември 2018 |

Херојот пилот од Скопје спречи голема катастрофа во САД

Бројот на храбри луѓе кои се подготвени секогаш да помогнат, да скокнат во вода и оган, да пружат рака на поддршка и зборови на утеха и да ги спречат несреќите, од пред неколку дена е зголемен за уште еден, за четириесет и тригодишниот скопјанец Аријан Превала, искусен пилот, инструктор по летање во САД, објавува Актелно.мк

Пилотот-инструктор: Аријан Превала

prevala

Присебноста и пожртвуваноста на Превала спречија голема трагедија во градот Мериден, во американската држава Конектикат. Аријан спаси повеќе стотици животи.

Студентот-пилот, Ферас М. Фреитех (28), од Јордан, во вторникот додека под придружба на инструкторот Превала изведувал контролен лет, од засега неутврдени причини намерно го урна авионот „Пејпер Па 34A“ насочувајќи го леталото прво во станбена зграда во густо населен кварт, а потоа и во фабрика за воена опрема.

Но, „Пејперот“, само поради подготвеноста на инструкторот Превала кој дваесетина минути горе во воздух се борел со разбеснетиот студент, не ја „погоди“ ниту зградата, ниту пак фабриката.

Се сруши среде улица во непосредна близина на погоните каде во тие моменти имало над триста вработени, заради што на случајот му дава посебна тежина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top