– Младите луѓе играат важна улога во процесот на евроинтергацијата, тие се движечка сила. Можностите кои ги нуди ЕУ се клучни за младите да се приклучат во овој процес, да им се овозможи максимум информации и да ги информираме како ќе се одвива овој процес во иднина. Учествувавме во многу дебати со цел да им обезбедиме на младите луѓе да уживаат во истите бенефиции како што ги имаат и членките на ЕУ, рече Блажеска.
Таа додаде дека одблиску го следат развојот во ЕУ, одржуваат многу интензивен дијалог и соработка со европските институции.
– Ние го правиме тоа со цел да им овозможиме на нашите млади да ги уживаат истите бенифити, кои нивните врсници од ЕУ-членките ги имаат. На пример, со визната либерализација на младите луѓе им се обезбедува да патуваат без виза низ Европа. Но, одиме чекор понапред и не се задоволуваме со визната либерализација. Сакаме на младите луѓе да им овозможиме да студираат, да го прошируваат нивното знаење и обука ширум Европа. Формиравме Национална агенција за образование и мобилност, која е одговорна, за едукација, тренинг и програмите за патување, рече Блажеска.
Таа ја издвои програмата Еразмус плус и поволностите што се нудат на младите од Македонија, која рече дека не ги опфата само младите, учениците и студентите, туку и нивните учители и професори кои можат да ги користат бенефитите од оваа програма за унапредување на нивните вештини и знаења преку размена и престој во земји од ЕУ.
На панел дискусијата „Европа и младите“ се обрати и генералниот секретар на подмладокот на Европската народна партија (ЕПП) Иван Буразин, сестринска организација на УМС, подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Важно е дека ние сме си потребни еден на друг, ние сме организација, ние имаме заеднички врски и заедно сме посилни. Ние можеме да учиме еден од друг и ние се поддржуваме, изјави Буразин.
Заменик-министерот во МИОА Тимчо Муцунски на форумот изјави дека соработуваат со сестринските партии на мултилатерално ниво, но исто така билатерално комуницираат на дневна основа. Тој се заблагодари на Јоханес Реј, регионалниот претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, политичката фондација на ЦДУ за тоа што го парви за ВМРО-ДПМНЕ.
– Ние работиме заедно да ја направиме оваа држава посилна, но на начин како Европа да стане посилна. Ние креиравме големи промени во Македонија, овие 40 мерки кои ги промовиравме и кои ги имплементираме за младите луѓе во Македонија, јас верувам дека можат да служат како пример за нашите сестрински партии во Европа, и ние бевме контактирани за некој од овие проекти кои ги имплементираме… Ние се насочивме многу на креирање мерки и политики и затоа сме почитувани, но и ние многу ги почитуваме нашите пријатели, рече Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст