| четврток, 6 декември 2018 |

Професорка по ликовно добила отказ поради врска со ученичка

Наставничка во средно училиште добила отказ поради љубовна врска со својата 17-годишна ученичка. Врската ја открил таткото на девојката кој на вратот на ќерка си забележал подлив, пишува „Индепендент“.

Ниа Дејвис, наставничка по ликовна и филмска уметност од Кардиф наводно била иницијатор на десетмесечната сексуална врска во ученичката со која си размениле над илјада пораки.

На сослушувањето можело да се чуе и дека 31-годишната наставничка и нејзината ученичка делеле кревет за време на посета на лондонските галерии.

– Ниа за мене беше само наставничка и голема поддршка. Си испраќавме пораки, но тие беа поврзани околу нашето дружење. Никогаш не ми кажав на татко ми дека сум ја бакнала. Тоа е лага – изјави тинејџерката која денес има 19 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top