| четврток, 6 декември 2018 |

Поради болест, морав да се откажам од мојата најголема љубов

Роби Вилијамс јавно проговори за болеста поради која морал да се откаже од сложените кореографии на неговите концерти.

Всушност, како и другите ѕвезди, и британскиот заводник освен на музиката е посветен и на танцот, но сега откри дека морал да ги поедностави танцовите чекори, откако му бил дијагностициран артритис.

– Јас имам артритис, па не можам да удирам ни топка. Тетивите се многу ослабени, а играм како пијан татко на венчавка – се пожали тој во интервју за „Евенинг стандард“.

Тој призна дека во животот многу од тоа променил по дијагнозата, а најтешко му било да се откаже од неговата најголема љубов, фудбалот и танцот.

Девет години тој беше на одвикнување од кокаин, хероин и други дроги, но тој призна дека и денес се бори против нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top