| четврток, 6 декември 2018 |

Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците нов министер без ресор во техничката Влада

bejdzan-iljas

Собранието на Република Македонија на 124. седница на предлог на премиерот за спорведување на предвремените парламентарни избори Емил Димитриев за министер без ресор го избра Бејџан Иљас. Претходно пратениците од оваа функција го разрешија Фуркан Чако.

Премиерот за спроведување на изборите Димитриев образложи дека Демократската партија на Турците во Македонија до него доставила допис со барање за замена на министерот без ресор со ново лице со образложение дека со него ќе има поефикасно функционирање на овој ресор којшто главно работел на соработката со Турција.

Иљас, по професија е лекар специјалист вработен во Клиничката болница во Тетово, советник во Општина Теарце и заменик претседател на Демократската партија на Турците.

Претходно координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески бараше тргање од дневен ред одлуките на Комисијата за избори и именувања и за избор на заменици на народниот правобранител, како и за ратификација на договорите за основање на Фонд за Западен Балкан и на Регионална канцеларија за младинска соработка. Обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат да си вдомат свои партиски кадри и оти вчера владејачките партии покажале дека бегаат од избори, неприфаќајќи го предлогот на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top