| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најбогатите претседатели во историјата на САД?

Не е познато со какво богатство располага Доналд Трамп, но 24/7 Вол Стрит проценува дека сумата се движи околу три милијарди долари…

А ако е тоа вистина, и ако тој стане претседател, тој дефинитивно ќе биде најбогатиот лидер на САД во историјата на оваа држава.

Но, и ниту Хилари не е сиромашна – таа и нејзиниот сопруг Бил имаат богатство од 75 милиони долари, што ја сместува помеѓу десетте најбогати претседатели на САД, секако, ако таа победи на изборите.

Веб страницата 24/7 Вол Стрит го конвертираше имотот на сите претседатели на САД во историјата во долари, како би ја составилe листата од оние најбогатите.

Ова е листата во целост:

1. Џорџ Вашингтон: 580 милиони долари

2. Томас Џеферсон: 234 милиони долари

3. Теодор Рузвелт: 138 милиони долари

4. Ендрју Џексон: 131 милион долари

5. Џејмс Медисон: 112 милиони долари

6. Линдон Џонсон: 108 милиони долари

7. Херберт Хувер: 82 милиони долари

8. Бил Клинтон: 75 милиони долари

9. Френклин Рузвелт: 66 милиони долари

10. Џон Фицџералд Кенеди: 1,1 милијарда долари (Веб страницата наведува дека богатството на Џон Ф. Кенеди е незгодно за вакви проценки, бидејќи поголемиот дел е наследено. Сепак, бидејќи се работи за многу голем износ, заслужува да се најде на листата, но не и како број еден).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top