Фреди Меркјури, и денес еден од омилените пејачи на сите генерации, оставил точни и специфични инструкции што ќе се случува со неговото тело и наследство по неговата смрт – телото да биде кремирано и урната да ја добие Мери Остин, жената за која велел дека е најголемата љубов во неговиот живот, пишува „Хајбред“.
Поранешната свршеница на Меркјури, со која поминал пет години во врска, преку тестамент добила обврска да се погрижи за пепелта и никогаш да не се дознае каде е или што направила со неа. Таа успеала да ја оправда неговата доверба, и оваа тајна ја сочувала дури и од родителите на Фреди, ама и од неговиот последен долгогодишен партнер, Џими Хатон. Всушност, до денешен ден, никој освен неа не знае каде се наоѓа урната со пепелта на легендарниот пејач на групата „Квин“.
Фреди и Мери се запознале на почетокот на седумдесеттите години минатиот век и биле заедно пет години. Секој заминал на своја страна кога Фреди се запознал со продуцент од американската компанија „Електра рекордс“ и почнал романтична врска со него. И покрај ова останале блиски и Фреди ја сметал за својата најдобра пријателка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст