Атина е прогласена за Светска престолнина на книгата за 2018 година од страна на УНЕСКО.
Целта на програмата е да ги направи книгите подостапни за целото население во главниот град, вклучително и за мигрантите и за бегалците. Членовите на Консултативниот комитет, исто така, ја разгледуваа културната инфраструктура на Атина и можностите за организација на меѓународни настани.
Атина ќе биде 18. Светска прстолнина на книгата. Претходно, приматот им припадна на Мадрид (2001), Александрија (2002), Њу Делхи (2003), Антверпен (2004), Монтреал (2005), Торино (2006), Богота (2007), Амстердам (2008), Бејрут (2009), Љубљана (2010), Буенос Аирес (2011), Ереван (2012), Бангкок (2013), Порт Харкорт (2014), Инчон (2015), Вроцлав (2016) и Конакри (2017).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.