| четврток, 6 декември 2018 |

Две жени тврдат дека Трамп сексуално ги малтретирал

Весникот „Њујорк тајмс“ објави интервјуа со две жени кои тврдат дека кандидатот на републиканците Доналд Трамп  сексуално ги малтретирал.

Џесика Лидс од Њујорк раскажува што ѝ се случило со Трамп за време на патување со авион пред три децении. Таа тврди дека тој ѝ ги допирал градите и се обидел да ја стави раката под нејзиното здолниште.

Рејчел Крукс од Охајо раскажува сцена која се случила во облакодерот „Трамп тауер” во 2005 година. Трамп, без да побара согласност од неа, ја бакнал директно во устата!

Адвокатите на Трамп бараат текстот да се повлече, а неговиот советник за комуникации Џејсон Милер во соопштение вели дека текстот е „фикција, а тоа што „Њујорк Тајмс“ влезе во лажен координиран напад на карактерот на Трамп, за ваква тема, е опасно“, ­јави „Ројтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top