| четврток, 6 декември 2018 |

Сите квалитети на жените на кои мажите паѓаат

Многу мажи изјавиле дека привлечни им се жени со голема самодоверба, но што е потребно за да бидете фатална жена по која тој ќе го загуби умот?

Прочитајте ги следните лични квалитети на една жена, кои се едни од најпривлечните за мажите. Доколку ги поседувате и вие ќе станете опасна девојка која знае како да го освои мажот во кој е заљубена.

Женственост и беспомошност

Посилниот пол сака женствени девојки, кои бараат помош и кои им дозволуваат на мажите да бидат мажи. Добивање на женското внимание, грижата за неа, одговарање на повиците за помош – го враќаат мажот во природниот елемент, правејќи го да се чувствува голем и силен. Но, многу е важно да не претерувате, да не глумите беспомошност затоа што тоа ќе го нервира вашиот маж.

Добродушност

Добра, мила и грижлив девојка посакува секој маж. Ако мислите дека ладните девојки им се омилени на мажите, се лажете. Треба да знаете да го препознаете доброто во секоја ситуација, да го гледате светот со пријателски очи, да ги сакате квалитетите кои ве прават привлечни и да си го сакате животот. Оние мажи кои бараат долгорочен партнер, сигурно ќе ги бараат овие квалитети.

Независност

Мажите се фасцинирани од решителни жени, бидејќи жената со самодоверба секогаш знае што сака. Кога се соочува со потешкотии, никогаш не го троши времето барајќи ја вината во други. Таа е господарка на нејзината судбина, што е убаво и возбудливо истовремено.

Способност да живее сега и овде
Жените кои знаат да живеат сега и овде, да се целосно присутни во нивните животи, да уживаат во секој момент се секогаш привлечни како магнети за мажите. Мажите уживаат во друштво на жени кои се прифаќаат себеси и се благодарни за многу работи во животот. Виталност, оптимизам, способност да одолеат на искушението и на критиката – се квалитетите кои мора да ги поседувате ако сакате да сјаете во полн сјај.

Талентирана и да знае да се покажe

Чиста, педантна, убаво облечена жена, која знае кои и се најдобрите квалитети и знае секогаш да ги истакне, никогаш не останува незабележлива. Мажите не гледаат дали фустанот е според најновата мода, туку дали идеално ги истакнува вашите облини.

Се покажува како добра домаќинка
Колку и да не ви се допаѓа ова, домаќинките се истакнуваат високо на оваа листа. Жена која знае да готви и ја одржува куќата чиста знае да создаде и специјална атмосфера на топлина и комфор.

Способност да се радува

Мажите не сакаат жени кои лесно се нервираат и постојано се незадоволни со нешто или со некого, па дури и жени кои мислат дека се обврзани да ги прават среќни. Од друга страна пак, оние кои се радуваат, кои не забораваат колку вредат луѓето и кои гледаат позитивно на животот се многу попривлечни и попријатни за разговор.

Покажување голем интерес

Еден од начините да го натерате вашиот сакан да се интересира за вас е вие самите да покажете интерес за сè она што тој го прави во животот. Искрените симпатии никогаш не поминуваат незабележително. Исто така, атрактивната жена никогаш не треба да се плаши да му покаже на мажот што е она што таа го сака – без разлика дали се во ресторан или во кревет.

Комуникациски способности

Мажите сакаат да се во друштво на отворена, друштвена жена која може да покаже интерес во секој разговор без да се однесува како сезнајка. Привлечната жена е секогаш духовна, но никогаш не е збунувачка. Таа секогаш покажува вистински интерес во сè она што го зборува мажот, дозволувајќи му да привлекува внимание, да се чувствува паметно и инвентивно. Жената која знае како да слуша секогаш е добро друштво.

Освојува со насмевка

Насмеана жена со добра смисла за хумор има многу подобри шанси да привлече маж, за разлика од оние кои секогаш се незадоволни со нешто. Убавата насмевка не е само знак на расположеност, туку и на добра енергија и виталност.

Природно однесување и искреност

Никогаш не се преправајте бидејќи тоа се забележува. Природното однесување, отвореното, слободно размислување како и искреноста се квалитети кои секој ги сака, не само оние кои ве гледаат како љубовен партнер, туку и како пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top