| четврток, 6 декември 2018 |

Тоа го можат само Црногорците: Натпревар во лежење

На 15 октомври во етноселото „Монтенегро“ во Горно Брезане ќе се одржи петтиот по ред натпревар во лежење во Црна Гора.

Претходните четири натпревари се одржани во август, но годинава дошло до поместување поради парламентарните избори, закажани за 16 октомври. Организаторите посочуваат дека сакале, пред сѐ на натпреварувачите од Црна Гора, да им овозможат одмор по напорната предизборна кампања.

Победникот на натпреварот ќе добие 200 евра, а освојувачите на второто и на третото место ќе добијат ручек за двајца во ресторанот што е спонзор на натпреварот. Со оглед на тоа дека станува збор за јубилеен натпревар, но и за изборна година, организаторите велат дека се потрудиле ден пред натпреварот да подготват богата програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top