| четврток, 6 декември 2018 |

Кому му се лежи, нека се пријави: Црногорците избираат Црногорец над Црногорците

Претходните четири години овој натпревар се одржуваше во август, но оваа година датумот е променет поради парламентарните избори на 16 октомври

Петиот натпревар во лежење  ќе се одржи в сабота на 15 октомври во етноселото „Монтенегро“ во црногорското место Горно Брезане.

Претходните четири години овој натпревар се одржуваше во август, но оваа година датумот е променет поради парламентарните избори на 16 октомври.

Како што соопштија организаторите, одлуката е донесена со цел да им се обезбеди на натпреварувачите од Црна Гора „да одморат по напорната предизборна кампања“.

-Бидејќи на тој ден започнува предизборниот молк, ги повикуваме сите претставници на политичките партии да дојдат на натпреварот, малку да одмора, а доколку освојат награда, и да повратат дел од парите вложени во предизборен маркетинг.

Победникот ќе добие награда од 200 евра и бесплатен рафтинг на Тара, а оние кои ќе го освојат второ и трето место, добиваат вечера за две лица во ресторанот кој е спонзор на настанот.

 

Право да учествуваат имаат натпреварувачи од поранешна Југославија, а ќе добијат бесплатно сместување и храна

Минатата година најџаболебар бил Игор Кисиќ од Билеќа, кој станал по 33 часа лежење, а рекордот го држи подгорецот Марко Ѓуровиќ, кој преклани одлежал 37 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top