Доколку војната во Сирија продолжи преку посредници, турските власти стравуваат дека светот би можел да западне во глобална војна, во која на спротиставени страни ќе бидат суперсилите Русија и САД, изјави денеска турскиот заменик-премиер Нуман Куртулмуш.
– Ако таа војна преку посредници продолжи, отворено кажувам дека Америка и Русија ќе се најдат на раб на војна, посочи Куртулмус во интервју за турската новинска агенција Анадолија.
Тој предупреди дека сирискиот конфликт ќе го доведе светот „на раб на голема регионална или светска војна“.
Куртулмуш наведе и дека турските сили во кампот Башика во северен Ирак „се легитимни“ и дека ќе останат таму „се додека е потребно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.