| четврток, 6 декември 2018 |

Официјален мајтап со градоначалникот на Кичево: Шокиран сум, имам тројца информатичари, веднаш ќе ги свикам

14656303_10209478415050070_6374425906679994447_n

Гадоначалникот на Кичево Фатмир Дехари е шокиран откако повеќе медиуми ја објавија неговата биографија објавена на официјалната страна на Општина Кичево, а која што изобилува со граматички и правописни грешки. Шегите на сметка на Дехари ги преплавија социјалните мрежи, а најчести се коментарите дека се работи за пародија.

Градоначалникот изјавил дека не знае за што точно се работи и зошто неговото име денес се спомнувало толку често на социјалната мрежа ,,Фејсбук“.

– Во шок сум! Јас прво помислив дека се работи за некоја правописна грешка за нешто кое што е напишано на мојот Фејсбук профил. Не ни помислив дека вакви пропусти се направиле на официјалната страница на општината, којашто ја гледа целиот свет. Замислете само, имам тројца информатичари кои се задолжени за уредувањето на страницата! И да биде работата уште почудна, еден од нив е Албанец, еден Македонец и еден Турчин. Зарем ниту еден од нив не забележал ништо погрешно? Тие пишуваат, а не преведуваме на „Гугл“. Веднаш ќе ги свикам на состанок, а вам ви благодарам што ми појаснивте за што точно станува збор. Вакви пропусти не смеат да се случуваат! Јас не сум често пред компјутер, имам работни обврски, на терен сум, и не следам детално кој што објавил или напишал. Под итно ќе се корегира работата, изјави Дехари.

Во меѓувреме, навистина ги зел работите во свои раце, а информатичарите работат на грешката.

kicevo

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top