Папата Франциск денеска повика на итен прекин на огнот во Сирија, кој би траел најмалку додека не бидат евакуирани жителите, а посебно децата, кои страдаат од бомбардирањата.
– Не е во ред да се одложува. Со тоа чувство го повторувам мојот повик. Ги молам одговорните лица со сите сили да обезбедат итен прекин на огнот, да го воведат и тој да се почитува, барем додека не бидат евакуирани цивилите, пред се децата, кои се уште се заробени поради крвавите бомбардирања – нагласи папата.
При постојаните бомбандирања на деловите на градот Алепо, што се под контрола на бунтовниците, само вчера загинаа 25 цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!