| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Криви се од ПОЦ! Маршот ради нив беше фијаско!

Дебаклот на вторничниот протест бил причина за итна седница на ИО и ЦО на СДСМ, пренесе ексклузивно „Минус инфо.“ Врхушката едвај успејала да ги сокрие солзите на самиот протест, стискале заби и едвај чекале маршот да заврши за да можат да се изнаплачат од мака.

Прва попуштила Рада, која уште пред да влезе во новиот џип од 100.000 евра, кој не постои како и оној првиот со кој се тумбаше, залелелкала и се фрлила да плаче и клоца по кожните седишта од загрозените африкански антилопи од листата на World Wildlife Fund. Ќе му се јавела на Заев, ама се плашела дека Верушевски повторно снима, па се стрпила и со остра чкрипка запичила кон  седиштето на екс Бихаќка.

Порталот пишува дека на состанокот владеела траорна атмосфера и сите со главите надолу ронеле солзи и се тапшале по раме. Едноставно, никој не можел да си го погледне другарот в очи.

poc

Шилегов влетал тиква пијан, соопшти „А1, оф!“, повикувајќи се на извори од портирницата, паркирајќи го Аудито во тревата на седиштето наследено од  старите комуњари, по што затетеравен и сопнувајќи се на метар-два одење се раздрал во салата за состаноци:

Хик, кој е криФ! Кој, ММЕ, кој ја утна работава, алооо! Хик! Биљмези, ќе пукне брука бре, у зграда поише станари имам!“ свикал Шилегов, но кога видел дека Верушевски е во салата, се собрал, направил шерет фаца и се поправил.

Хик, се шалеФ бе, се беше топ, јак марш чоече, ууууу, посетеност пер екселанс, се издував ко на уткамица! Емоции ме држат, ми излета така де…“

По него влетала Рада, која не се смирила ни кога го видела екс шефот на УБК. Земала силно воздуха и завапила:

„Ова ли беше марш бре, вака ли мишиќи ќе покажуваме бе! Брука сме, брука! Џабе ви дадов цела кирија шо си ја плаќам на себе за автобусите, не сте можеле ни да ги напуните бре, дилетанти!“

Работата ја смирувал Милчин, кој ги убедувал дека само толку „граѓани“ останале во државата, а се друго, затоа што не гласале за СДСМ, да ти биле сељачишта.

„И стока, ве молам!“  се надоврзал Пендаровски, кој целосно се сложил со Милчин.

И додека Сугарески објаснувал дека проблемот бил во добрата турска серија што во исто време одела на Сител, Манчевски го прекинал и маката ја видел во содржината на кажаното од Заев.

Ај, во ред оние биљмезите што збореа, ај што го лажеме народов дека се ’граѓански сектор’, тапа беа, ама лидеров бе, говорот му беше крш, поезија аматерска, дно! Да не сте му дале на тој Васиљ веќе да пишува говори!  Катастрофа беше бе, се ’излеавме’ рече, алоооо! И онаа црвената да се офарба одма, ко ороспија од пред МТВ е, брка народ бре!“

Заев запотен и бушав влегол во моментот и Манчевски подголтнал и прекинал, по што сите понизно и плачливо погледнале кон лидерот. Прв пат дента уста отворил идолот на сите – Верушевски, заради кој и сите толку се стегале во изразот.

„Ало име, шо бидна бе! Фијаско беше, кој е крив? Одма да се каже за да му го пуштам син ми да го среди! Одговорност се бара за дебаклов бре! За то ли бомби ви давав! За маалски собир ли!“ остро зарежал Верушевски.

Заев гласно подголтнал, се зацрвенел и со главата надолу д’ткајќи едвај срочил:

„Пппппп… ПппОЦ се кккриви…“

Со чудо и неверување, оти ништо и не разбрале сите се стаписале и загледале меѓу себе.

Што рече идолу наш? Кој е виновен?“ собрал сила Муки со малиот пенис, охрабрен од фактот што донел 7 души од најблиска фамилија на протестот за да ги претставуваат Албанците и да го веат знамето им.

Заев се созел и со солзи и лелек свикал:

„ПОЦ се криви на Жерновски, овие од паркинзи слабо лепеа плакати за реклама на маршот!“ свикал и трчајки со липање и дувајќи го носот избегал Заев, оставајќи ја целата сала со ЦО и ИО во прашалници.

olaf

Олаф од Фрозен

 

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top