Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ги прими македонските фудбалски херои кои синоќа изборија пласман за Европското првенство во Полска во 2017 година. Покрај честитките Иванов им се обрати на фудбалерите и им се заблагодари што успеаја целата нација да ја израдуваат на вчерашниот историски ден 11. октомври.
– Во годината кога славиме јубилеј, 25 години од нашата независност, вие ни ја донесовте најголемата радост. Вашиот успех покажа дека можеме да бидеме сите заедно, и сплотени и единствени да навиваме за Македонија. Ви благодарам на секој од вас за неговиот удел во оваа победа што ни ја приредивте, посебно за селекторот, за тренерите и за сите што инвестираа во вас. Ние веруваме во вас, порача македонскиот претседател. Вчера на 11 Октомври – Денот на востанието, вие направивте фудбалско востание во Македонија. Вие младите симболично покажавте за тоа што доаѓа и што допрва од вас ќе очекуваме, а тоа се нови подвизи и потфати – рече претседателот Иванов.
Тој нагласи дека овие млади фудбалери се пресврт во фудбалот во независна Македонија и генерација на која допрва и претстојат забележителни резултати.
– Очекуваме ова што го почнавте, заедно да го продолжите и како генерација да бидете сплотени како што бевте на натпреварите. Заедно да се држите и да знаете дека целиот народ е со вас. Без разлика дали ние на стадионот сме Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, во вакви моменти – сите сме Македонија. Македонија со успех каков што вие го направивте вчера – им порача претседателот Иванов на младите фудбалери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево