Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери денеска поднесува барање за распуштање на Собранието.
-Како дел од политичките партии потписници на договорот од Пржино, ние пратениците сме должни да покажеме дека остануваме на договорените позиции што се во интерес на разрешување на политичката криза. Секој обид за одлагање на распуштањето на Собранието од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе биде доказ плус дека власта на Груевски сака да избега од избори на 11 декември, изјави Горан Сугаревски денеска во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.