Ресторанот „Џерман гимназиум“ во Лондон е прогласен за „вкупно најдобриот ресторан“ во светот за 2015/2016 година на доделувањето на наградите за дизајн на ресторани и барови, што се одржува по осми пат.
Зградата е од 1864 година и ја проектирал Едвард Грунинг и со својот средновековен изглед среде урбана средина навистина го одзема здивот, пишува „Индепендент“.
Градбата оригинално била спортска сала, во која во 1866 година се одржале првите Олимписки игри во сала. Подоцна се користела како складиште и изложбен простор. Сега е луксузен ресторан кој освен специфична внатрешност и луксузно мени нуди импозантни коктели во облик на нискокалорични „облаци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.