Ако пред неколку сезони бојата на виното, уште позната како марсела, според Институтот за бои „Пантон“, беше хит, сега бордо е бојата што мора да ја имате во вашиот орман.
Во 2015 година земјената кафеноцрвена боја беше боја на годината. Потемна од глина, а помалку интензивна од бојата на циглите, очигледно маѓепса многу дизајнери бидејќи тие сѐ уште наоѓаат инспирација во таа раскошна боја на убаво црно вино.
Сите дизајнери, без исклучок, во претесенската колекција понудија модели во црвена, темнопортокалова и кафена боја.
Ова е јасна алузија на седумдесетите години на минатиот век, а некои од нив ја продлабочија инспирацијата од таа декада додавајќи уште елементи.
Дизајнерите покажаа дека оваа боја совршено одговора на различни ткаенини, па во моделите за оваа есен во бордо може да најдете и крзно, кожа, тантела. Раскошни фустани за свечени пригоди дополнети со детали или некој вез, исто така, оставаат одличен впечаток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.