Огромна е радоста во редовите на македонскиот национален тим по историскиот успех, пласманот на нашата репрезентација до 21 година на ЕП што догодина ќе се одржи во Полска. Најзаслужен за тоа сигурно е селекторот Милевски, но овој стручњак како и секогаш остана максимално скромен, почестите насочувајќи ги кон своите избраници.
– Не знам што да кажам. Нема што да се пролгасуваат, овие момци се херои, тие се феномени. Не знам што да додадам, потоа ќе коментирам нешто повеќе – истакна Милевски за ТВ Сител веднаш по победата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.