| четврток, 6 декември 2018 |

Секој хороскопски знак има свое мото: Дознајте го вашето…

Овен

Овните се силни, одлучни, амбициозни и верни. Можат да остварат сè што ќе посакаат. Затоа, најдобар цитат за нив е:

„Јас сум господар на својата судбина. Јас сум капетан на својата душа“ – Вилијам Ернест Хенли.

Бик

Биковите се најстабилниот знак во хороскопот. Смирени се и имаат неверојатна внатрешна сила. Никогаш не можете да знаете дали им е тешко, бидејќи сами нема да покажат. За нив најдобар цитат е:

„Она што нема да те убие, ќе те направи посилен“ – Фридрих Ниче

Близнаци

Близнаците се најдружељубивиот знак во хороскопот. Забавни се и прилагодливи, а секое дружење со нив е вистинско уживање. За нив најдобар цитат е:

„Денот поминат без смеа е залудно потрошен ден“ – Чарли Чаплин.

Рак

Емотивните и чувствителни Ракови се познати по своето нежно срце, но и по склоноста да избегаат кога работите ќе станат комплицирани. Мудри се и лесно простуваат. Цитат кој најдобро ги опишува:

„На крајот се важни само три работи: Колку сте сакале, колку нежно сте живееле и колку грациозно сте ги пуштиле работите кои не се за вас“ – Буда

Лав

Лавовите се родени за да владеат со светот. Тие се самоуверени, харизматични и секогаш желни за внимание. За нив најдобар цитат е:

„Вашата љубов ме прави посилен, а вашата омраза незапирлив“ – Кристијано Роналдо.

Девица

Девиците се вистински аналитичари и практичари на кои решавањето проблеми им е во крвта. Секогаш излегуваат во пресрет на оние кои имаат проблеми. Цитат кој најдобро ги опишува:

„Денес не сте живееле ако не сте помогнале на оној кој не може да ви ја возврати помошта“ – Џон Буњан.

Терезија

Терезиите се нежни и страствени пацифисти. Дипломати во душа, кои знаат како да направат другите околу нив да се чувствуваат подобро. За нив најдобар цитат е:

„Кога ќе престанеш да очекуваш совршенство од другите, ќе можеш да ги засакаш онакви какви што се“ – Доналд Милер.

Скорпија

Скорпиите се интелигентни, интуитивни и амбициозни. Знаат кој е животниот пат до успехот и како да се движат по него. Цитат кој најдобро ги опишува:

„Не ме интересира шансата да биде најбогат на гробиштата. Она што ме интересира е да одам во кревет знаејќи дека тој ден сум направил нешто прекрасно“ – Стив Џобс.

Стрелец

Стрелците се енергични авантуристи кои никогаш не бегаат од било каков ризик, а најмногу презираат да тапкаат во место. Нивен цитат:

„Патувај – кога и да можеш, колку далеку и да можеш и на што е можно подолго време. Целта на животот не е во тоа да се повлечеш на едно место“ – непознат автор.

Јарец

Јарецот е трпелив, внимателен и софистициран. Не сака големи друштва и секогаш функционира во мала група на одбрани пријатели. Многу е повлечен и посветен. Цитат кој најдобро го опишува:

„Даден ти е животот и твоја должност е со него да направиш нешто прекрасно, колку и да ти делува тоа безначајно или мало“ – Елизабет Гилберт.

Водолија

Водолиите се креативни, остроумни и прави револуционери. Тие се тука кога работите се поправаат. Имаат големо срце и секогаш се тука за оние кои се во неволја. За нив најдобар цитат е:

„Наша главна животна цел е да помогнеме на другите. Ако не можеме да им помогнеме, тогаш барем да не им одмогнеме“ – Далај Лама

Риби

Рибите се романтични и сензуални фантазери. Многу се сочувствителни и се грижат за туѓите емоции. Даваат сè, а не очекуваат ништо за возврат. Нивен цитат е:

„Најважната работа кој можете да ја научите е едноставно да сакате и за возврат да бидете сакани“ – Мулен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top