| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски прецизно за антимакедонската парада на СДСМ: Тесна олигархија ги води граѓаните на марш кон пропаст

ivor mickovski 12

Критики за политиките на Заев отворено стигнаа од опозицискиот колумнист Ивор Мицковски. Хируршки прецизно ја опиша срамната парада на Заев, Верушевски и Шекеринска правејќи паралела со маршевите во 2009 и 2010 година кога СДСМ на чело со Бранко Црвенковски обедини и извади на улица двојно повеќе луѓе под знамињата на сите етнички заедници во Македонија. На овој собир доминираа двоглави орли.

ivor-mickovski

„Го гледам маршот и се чудам, се е ископирано од маршевите 2009-та и 2010-та година. Се вртиме во круг, со лошо копирање на парадигмите од двата екстрема на спектрумот, за каде да стигнеме?! Не станува збор за континуитет, ниту за нов пат, туку за лошо имитирање на нешто што веќе било, и да во 2011 година дало резултати. Но, денес, требаше се тоа да се уништи, некои требаа да станат лидери на отпорот за станат Отпораши. Тогаш борбата не им одговараше. Која мизерија сме ние од народ. А можеби таа е нашата димензија, веќе преживеаната историја, сплотеност и можности, да ги фрлиме во ветар, да ги срушиме, за потоа некој што се мисли за паметен, тоа ефтино да го имитира, без сите суптилни и очигледни квалитети неопходни за успехот. Едно е да изградиш конструкт, друго е низ процес да го создадеш, и можеби овој народ е конечно уморен и спремен да казни, но тоа ќе го направи испразнет ко школка, без свест за што понатаму, без капацитети, без суштина. Граѓаните, толку евоцирани во овие моменти, после 10-годишниот режим, како ни да приметија дека никогаш не биле под влијание на помала и потесна партиска врхушка, освен од можеби летото 2006 година. Смешно, која иронија, понесени од гневот и емоцијата, интересот на старо-новите апологети, да навиваат за една нова и потесна олигархија. Тоа е, мораше да се стане тоа што се мрази и презира, цивилизациски што не се прифаќа, за доста луѓе да се прелажат. Честит 11 Октомври Македонијо, и понатаму маршираш кон сопствената пропаст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top