| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши уште едно скапо фијаско на СДСМ, Сорос и на платениците, накитено со албански знамиња

Заврши уше едно спапо фијаско на СДСМ и Сорос. Платениците на СДСМ и на Сорос дојдоа во срамен број, измаршираа од седиштето на СЈО по „Партизанска“ до Собранието на РМ и си заминаа на празничен ручек. Ниту автобусите од Струмица и Куманово не успеаја да го сокријат срамот од дебаклот на СДСМ, кој уште еднаш не успеа да собере достоен број граѓани кои ќе ги поддржат срамните политики за федерализација на државата.

eden-640x480

Антимакедонското движење на СДСМ и Сорос го предводеа рамо до рамо Заев и Верушевски, првоосомничениот во аферата „Пуч“, кој во скајп комуникацијата најавуваше украинско сценарио за Македонија и очекуваше дека благодарение на него по улиците низ државава ќе се леела крв до колена, на едната лента на „Партизанска“ и Шеќеринска на другата. Слаб беше одзивот на помпезно најавуваниот и скапо платениот марш, а тоа уште еднаш е доказ дека Заев не успеа да биде Црвенковски и покрај парите од Сорос кои се слеваат во платеничките џебови.

zaev-zoki-640x480

Најголемиот дел од нив со полупразни автобуси беа донесени од внатрешноста на држава, а според информациите од теренот во голем број градови, празни автобуси биле откажани и воопшто не тргнале кон Скопје.

Најголем револт за дволичната и антидржавна политика на Зоран Заев искажале жителите на Струга и Кичево кои поради калкулирањето со двојазичноста и македонските национални интереси одбиле да ги послушаат партиските повици и се појавиле пет пати помалку од тоа што го планирала централата.

dva-640x480

Впрочем и тие два автобуси кои тргнале од Струга и Кичево се уверија во албанската иконографија која е во голема мера присутна на собирот организиран од СДСМ/Сорос.

Огромни потфрлања има и во Велес и во останатите градови каде што СДСМ не е на власт, од каде не тргнаа кон Скопје десетици автобуси.

avtobusi-640x480

Најмалку 5.000 од присутните се донесени од Струмица и Куманово каде нивната егзистенција зависи токму од функционерите на СДСМ. СДСМ ги ангажира и административците под своја контрола, па и вработените од ПОЦ извршуваа партиски задачи и лепеа плакати.

%d0%bf%d0%be%d1%86

Фијаското на СДСМ се подготвуваше и со печатење материјали, маички, беџови, плакати.

Пред Собранието на Република Македонија каде што бешее поставена бината на СДСМ/Сорос, поставени беа високи огради со кои организаторот сака да обезбеди вештачка слика за наводна масовност на собирот и да ги оправда истрошените средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top