| четврток, 6 декември 2018 |

Во живо на Фејсбук: Децата ги снимиле издрогираните родители (вознемирувачко видео)

Хероинска епидемија ја тресе САД во последните години, а нов знак за тревога е вознемирувачкото видео на една издрогирана двојка кое во живо на фејсбук го емитуваа нивните деца.

На вознемирувачото видео се гледаат две лица како лежат на каучот и на подот, очигледно издрогирани.

Двете деца ги снимаат со телефоните и велат: Мамо, стани! Не можеш вака да се однесуваш ако имаш деца. Воопшто не е кул. Мамо, станувај!“.

Жената лежи на софата и не реагира на викањето, а човекот кој девојчето на снимката го вика „тато“ само малку се движи, но не реагира.

– Што направивте? Ништо не чувстуваат, толку се дрогирани – вели девојчето.

Ова е само еден во низата снимки кои се емитуваат последните денови во САД, а на кои се гледаат возрасни лица најверојатно дрогирани со хероин.

Вознемирувачко видео:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top