Законот за спорт и Законот за данок за добивка вчера биле изгласани на владина седница и се предадени во собраниска процедура. Претходно, беа организирани јавни расправи по промовирањето на низата мерки за поддршка на спортот. Во расправите учестуваа спортски федерации, клубови, спортисти и тоа вроди плод. На јавните расправи се родија нови идеи и начини како мерките да се подобрат уште повеќе.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес одговарајќи на новинарско прашање истакна дека дел од идеите ќе се реализираат пред, а останатите по изборите. Она што е важно е дека по јавните расправи одлучено е да се зголеми процентот на ДДВ кои компаниите ќе може да го инвестираат од федерациите или клубовите, а за истата сума да бидат ослободени од плаќање на данокот на добивка.
-Процентот за инвестирање на компаниите во спортот се зголеми на 35% за сите спортови во кои има организирана лига освен за кошарката, фудбалот и ракометот. Доколку се финансира ракометен или кошаркарски клуб донирањето може да виде максимум во висина од 40% од пресметаниот изнод на данок на добивка. Дополнително се зголемува можноста и за финансирање на фудбалските клубови каде со измените дозволено е донирање на средства во висина од 50% од ДДВ на компаниите. Доколку некоја компанија се одлучи да инвестира во спортска федерација или МОК, тоа може да го стори со максимум 40% од пресметаниот износ на данокот на добивка – истакна Груевски.
Тој додаде дека иако првично беше најавено дека со оваа мерка ќе бидат опфатени и врвните спортисти од олимписките спортови со поддршка максимум до 6% и поддршка на индивидуалните спортисти од неолимписките спортови максимум до 3% од данокот на добивка, одлено е да се даде поголема можност на финансирање на индивидуалните спортисти.
Сега, компаниите ќе можат да доделат максимум до 10% од данокот на добивка за поддршка на индивидуални спортисти од олимписките спортови, односно максимум 5% од данокот на добивка за поддршка на индивидуалните спортисти од неолимписките спортови, за што ќе добијат даночно ослободување.
Воедно, со корекциите се предвидува намалување на дел од ограничувањата особено кај спортските клубови кои се потенцијални корисници на донации.
Имено, иако првично беше најавено дека во секој У.О. на спортските клубови ќе биде потребно задолжително да членуваат најмалку 2 правници и 2 економисти, со новите измени се предвидува ваквата одредба да важи само за спортските клубови, кои се регистрирани како акционерско друштво (фудбал, кошарка, ракомет во 1-ва лига), односно и во оние спортски клубови кои ќе добијат донација поголема од 10.000 евра.
Во У.О. на спортските клубови кои се регистрирани како здруженија на граѓани задолжително треба да членуваат најмалку 1 правник и 1 економист, доколку се корисници на средства од даночно поттикнување во износ до 10.000 евра. Доколку клубовите (здруженија на граѓани) се корисници на средства од даночно поттикнување над 10.000 евра, ќе имаат обврска задолжително да ангажираат најмалку 2 правници и 2 економисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии