| четврток, 6 декември 2018 |

Верушевски ѝ се поклони на Катица за слободата

 

Со слаб одѕив започна најавениот марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, кој треба да заврши пред Собранието на Македонија.  Платеници од внатрешноста, главно од општините под власт на СДСМ, Куманово и Струмица, ни одблизу не можат да го сокријат срамот од уште еден дебакл на опозицијата во обид да организира платеничка револуција. Платениците се движат во две колони по двата коловоза на Партизанска пред СЈО. Едната колона предводена од заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска носи плакат на кој пишува „Борбата продолжува“, а другата колона предводена од Заев носи плакат на кој пишува „Гласот победува“.

Рамо до рамо со Заев е и Верушевски, првата и единствена одработена задача на Катица Јанева за една година работа со СЈО – слободата на Верушевски.

%d0%b2%d0%b5%d1%80%d1%83%d1%88

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top