| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски им го честита празникот на граѓаните: Наша заедничка цел е силна Македонија!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во лично и во име на партијата го честита денешниот празник 11-ти Октомври – Денот на Народното Востание.

-Денес, Република Македонија ја слави Народноослободителната борба и нејзиното значење во остварувањето на вековниот сон на нашите предци за сопствена државност. 11-ти Октомври e историскиот континуитет на вековната идеја на нашиот народ за борба за слободна и самостојна Република Македонија. Оддавајќи почит на партизаните од Народноослободителната борба, оддаваме почит и кон сите наши предци кои со своето дело покажаа како се бори, како се сака и како посветено се работи за Македонија. Празниците како денешниот се одлична можност да се потсетиме на минатото, но и да погледнеме кон иднината. Наша заедничка цел е подобра и поуспешна Република Македонија, и токму затоа е потребно обединети да продолжиме да чекориме кон оваа цел, се вели во честитката на Груевски.

Тој додава дека со заеднички сили и напори, со заедничка работа и посветеност треба да се покаже дека заедно можеме да извојуваме нови победи за нашата држава.

-Нови победи за успешна и просперитетна Република Македонија. Наша заедничка цел е силна Македонија!, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top