Дали некогаш сте се запрашале зошто стјуардите во авионите при полетувањето и слетувањето ги замолуваат патниците да ги кренат ролетните на авионските прозорци.
Причина за тоа не е убавиот поглед, туку безбедноста. Имено, во случај на несреќа, авионскиот екипаж има само 90 секунди да ги евакуира патниците. Со кренати ролетни во случај на несреќа тие полесно можат да ја проценат состојбата надвор од авионот, а воедно и од надвор може да се види што се случува во леталото.
– Кај тешките несреќи секоја секунда е важна. Затоа е многу важно екипажот да може да ја види состојбата надвор од авионот, за полесно да може да ја планира евакуацијата, која врата да се користи и слично, вели експертот за авиобезбедност Саран Удајакумар.
– Патниците се љубопитни, следат се околу себе, а нам секогаш добро ни доаѓаат и по уште некој пар очи. Тие веднаш често ги пријавуваат неправилностите кои ќе ги увидат, додава тој.
Со него се согласува и пилотот Кер Лоси, кој вели дека се случувало патници да пријават техничка неправилност кои ја увиделе од прозорот.
Дејвид Робинсон, исто така експерт за авионска безбедност, објаснува дека кренатите ролетни се важни и поради видливоста и количеството на светлата во авионот во случај на евакуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст