Канадската пејачка Селин Дион во интервју за Си-Би-Ес открива дека нејзиниот починат сопруг Рене е единствениот кого го сакала и сите нејзини страстни искуства биле со него.
– Пред да не напушти на сите ни беше премногу тешко. Мене посебно, но и на моите деца, да гледам како човекот на мојот живот секој ден полека умира. Кога замина, тоа беше и олеснување. Тој беше единствениот маж кој сум го бакнала и кого го сакав, изјави Дион.
Рене Анжелил, со кого Селин има три деца, 15-годишниот Рене Чарлс и петгодишните близнаци Нелсон и Еди, почина на 73-годишна возраст. Тој повеќе години се бореше со ракот.
– Човекот на мојот живот беше мој партнер и бевме како едно. Затоа кога престанаа неговите страдања си реков себе си: „Тоа е во ред и не треба да се мачи“, истакна канадската пејаќка, откривајќи дека не гледа повеќе можност повторно да засака некого во иднина, бидејќи нејзиното срце е со Рене.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст