За време на дебатата меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп на лицето на кандидатката на демократите слета мува, што подоцна стана една од главните теми на социјалните мрежи, јавија денеска американските медиуми.
Корисниците на социјалните мрежи ја искористија ситуацијата и на мувата и отворија профил на твитер по што следеше лавина од коментари. Се појави твит во кој мувата наведува дека не можела да поверува дека се појавила директно во програмата како и дека не се плаши да слета на лицето на политичар.
Некои прокоментирале дека попрво би гласале за неа, отколку за кој било од кандидатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.